Нови индустриски зони во Свиводица, Тетово, Прилеп, Струга…

Од:

Владата најави дека ќе се гради нова индустриска зона во Струмица, лоцирана во општината Свидовица, на површина од 24.800 метри квадратни

Според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, зоната ќе биде опремена со енергетски, телекомуникациски, водоводни системи и во неа ќе биде лоцирана и управна зграда и царински терминал.

„Зоната ќе биде од големо значење за локалниот економски развој на струмичкиот регион. Во идниот период по комплетирањето на сите процесни претпоставки ќе се преземат постапки за започнување со градежните работи за изградба на зоната во првиот квартал од 2013 година“, рече Ѓорѓиев.

Владата како што потенцира, активно спроведува постапки за отворање технолошко-индустриски зони и во Кичево, Тетово, Прилеп, Гевгелија, Ранковце, Струга и Радовиш.

Би можело да ве интересира

Влада: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите

Владата е обединета, единствена, имаме чиста двотретинска поддршка, тврди премиерот Мицкоски

Владата планира капитацијата за матичните лекари да се движи помеѓу 20 и 30 отсто

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

Одлуката на САД за царинските трошоци, нема да има голем импакт врз нашата економијa тврди Владата