ЛДП: Медиумите да бидат критични и да не цензурираат

Од:

Либерално демократската партија му се заблагодарува на досегашниот известувач на ЕП за РМ, Ричард Ховит, за неговиот ангажман, а од новиот, Иво Вајгл, очекува да и’ помогне на Македонија шесте позитивни препораки на Комисијата за проширување на ЕУ да се преточат во датум за почеток на преговорите.

Нивните јасни и добронамерни пораки, беа различно толкувани и цензурирани од страна на домашните медиуми.

Иако главните наслови беа дека Македонија заслужува почеток на преговорите, случајно или намерно, изостанаа бројните рафинирани пораки кои беа испратени од двајцата известувачи. Тие заеднички порачаа дека проблемот со името повеќе не е единствената пречка за европските интеграции на РМ, но и дека кога ќе се отвори нов прозорец за името, тој момент не смее да се пропушти.

Она што Ховит го кажа, а многумина се обидоа да го стават под тепих, е дека Собранието се’ уште не е целосно доживеано како институција од доверба, како форум каде што можат да се изразат политичките разлики и ставови. Според него, меѓу политичките партии има разлики и здравата демократија мора да дозволи изразување на разликите.

Кон ставот дека политичкиот дијалог треба да се води во рамките на институциите, требаше да се додаде и пораката дека опозицијата треба да биде почитувана, како од власта, така и од медиумите, кои се контролирани, самоцензурирани и провладини.

Пораката до новинарите беше онаа која ЛДП постојано ја повторува. Новинарите мораат да бидат критични и да не им дозволат конформитет на политичарите, независно од нивната партиска припадност. Но во истиот ден кога некој требаше да ги пренесе овие ставови, власта си отвори уште неколку свои медиуми. Три лица, комплетно анонимни во медиумскиот бизнис, но блиски до власта, отвораат 6 нови телевизии. Една од нив дури и го злоупотребува брендот А1. И веднаш, на нив почнаа да се вртат владини реклами.

Затоа, ЛДП бара од власта да опстои цврсто на евроинегративниот пат, да ги исполни до крај превземените обврскит и, сосласно укажувањата на Брисел, да ги тргне канџите од судството и медиумите.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Осуда за сквернавењето на државното знаме и одговорност за сторителите

Катерина Ѓуровски

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ