Српските царински работници на граничниот премин Прешево, на српско-македонската граница, откриле еден тон марихуана.
Дрогата, според агенцијата „Прешева јоне“, царинците ја откриле ноќта спроти петок со мобилен скенер во грчки камион ладилник. Уапсен е грчкиот државјанин М.Г.(49) кој управувал со камионот кој сообраќал на релација Грција-Хрватска.
Грчкиот возач пред полицијата изјавил дека не знае ништо за марихуаната, дека камионот останал десет дена во Албанија каде и тој престојувал, а натоварената стока требало да ја транспортира до Хрватска.
Ова досега е најголемото количество заплената мархуана на овој премин.