Уапсен инженер на морнарицата на САД поради обид за давање информации на Египет

Од:

Цивилен инженер на американската морнарица е уапсен поради тоа што се обидел да го украде дизајнот на новиот нуклеарен носач на авиони и да му го испрати на Египет, соопшти Министерството за правда на САД.

Агент на ФБИ на тајна задача се претставил како египетски разузнавач со цел да му постави замка на 35-годишниот Мустафа Ахмед Авад од Вирџинија, кој се товари по две точки од обвинението за обид за „извоз“ на воени текстови и технички податоци.

Доколку биде осуден му се заканува максимална казна затвор од 20 години за секоја точка од обвинението. Тој ќе биде сослушан в среда.

Верувајќи дека навистина станува збор за официјален претставник на египетската Влада, Авад на агентот му кажал дека планира да ја искористи довербата на американската морнарица кон него за да набави воена технологија која може да ја користи египетската Влада. Тоа опфаќало дизајн на нуклеарниот носач на авиони УСС Џералд Р. Форд, чија конструкција е во тек.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро