И покрај низата усвоени одлуки и декларации, министрите за надворешни работи на земјите членки на ОБСЕ не постигнаа консензус за кризата во Украина, на дводневната конференција во Базел, која што заврши вечерва, пренесува Мета.
На министерскиот совет беше означен крајот на швајцарското претседавање со ОБСЕ, кое што од 1 јануари 2015 година го презема Србија.
Актуелниот претседавач, шефот на швајцарската дипломатија Дидие Буркхалтер на завршната прес-конференција пред новинарите го изразил своето задоволство од одржаниот состанок и покрај разликите во врска со прашањето за украинската криза.
Бурхалтер изразил задоволство и од денешната одлука на министрите, Германија да претседава со ОБСЕ во 2016 година, а Австрија во 2017 година.