Могерини: ЕУ нема да ги менува критериумите за членство поради БиХ

Од:

ЕУ нема да ги менува критериумите и стандардите за членство во Унијата поради БиХ, изјави денеска на прес-конференција во Сараево високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

– Условите остануваат исти. Тие нема да се сменат во иднина. Можам да кажам само за измена во континуитетот на приоритетите, потврди Могерини.

Таа заедно со еврокомесарот одговорен за односите со соседните земји и преговорите за проширување на УУ, Јоханес Хан денеска разговараа со политичките лидери на БиХ за деблокирање на процесот за евроинтеграции.

Според Могерини, босанските лидери покажале сериозна политичка волја да одговорат на очекувањата на ЕУ и да се проближат кон нова фаза во евроинтеграцискиот процес.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ