Трошоците во градежништво за нови објекти повисоки за 0,3 проценти

Од:

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2014 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во однос на третиот квартал лани се повисоки за 0,3 проценти.

Во третото тримесечје од 2014 година, во споредба со претходното второ тримесечје, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0,7 отсто, трошоците за материјали се пониски за 0,1 отсто, а трошоците за вработените се повисоки за 2,7 отсто.

Во третото тримесечје од 2014 година, во споредба со третото тримесечје од 2013, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0,3 отсто, трошоците за материјали се пониски за 0,8 отсто, а трошоците за вработените се повисоки за 3,5 отсто.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он