Крајно време е да го прашаме народот за членството на Бугарија во ЕУ и НАТО, изјави денеска лидерот на бугарската надионалистичка партија Атака, Волен Сидеров.
Како што јави БТА, Сидеров ваква изјава ја даде пред пратениците на бугарското Народно собрание, преставувајќи ја декларацијата на неговата партија во врска со одлуката на Русија да се откаже од изграбата на гасоводот „Јужен поток“.
Според Сидеров, откажувањето на проектот претставува „удар врз достоинството и националниот интерес на Бугарија“, бидејќи со тоа земјата е лишена од гарантирани годишни приходи, нови работни места и можноста да стане европски енергетски центар.
Сидеров смета дека руската одлука е последица на неконзистентите и некоректни политики на последните бугарски влади, нагласуваќи дека тие биле под притисок од Западот.
– Денес Вашингтон води еконосмка војна против Русија…, која вклучува економски мерки и воени провокации. Како и во 80-те години САД ги кршат пазарните принципи во кои се колнат, намалувајќи ја цената на нафтата за да удрат по Русија, истакна Сидеров.
Според него, едно од оружјата на таа војна била и „забаранта за Бугарија“ да го гради „Јужен поток“.
– Настаните покажуваат дека нашето послушно учество во НАТО и ЕУ ни носи само штети, потенцира Сидеров, апелирајќи до пратеницитие да „соберат сила да ги заштитат интересите на земјата“, со тоа што ќе распишат референдум за понатамошното членство на Бугарија во Унијата и Алијансата.