Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. Магла со видливост до 50 метри има во Крушево и на превојот Стража до 100 метри.
Слаб дожд врне во целиот југозападен дел на Македонија, соопшти диспечерскиот центар при ЈП „Македонија пат“.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија – Удово и Катланово-Велес.