Челникот на владата на шпанската покраина Каталонија, Артур Мас побара вонредни извбори за 25-ти ноември.
„Одлучив да распишам избори за недела, 25.ти ноември. Време е да ризикуваме“, изјави Арутр Мас на каталонски јазик на почетокот од политичката дебата пред регионалниот парламент на Каталонија. Каталонскиот премиер притоа алудирал на протестот на повеќе од милион ипол луѓе по улиците на главниот каталонски центар Барселона на 11-ти септември , кои бараа независност на покраината од Шпанија, пренесува AFP.
Минатиот месец Каталонија беше приморана да побара 5 милијарди евра од централната влада во Мадрид, за да го отплати долгот од 40 милијарди евра.
Инаку во Каталонија живеат околу 7,3 милиони луѓе, а неофицијалниот референдум беше организиран во 166 општини и градови низ покраината.
Здруженијата кои го организираа референдумот соопштија дека гласале околу 30 отсто од избирачите. Пред референдумот здруженијата кои ја застапуваат независноста на покраината изјавија дека се надеваат дека одѕивот ќе изнесува околу 40 отсто, што според нив ќе биде добар сигнал дека за одржување на поширок референдум.
Статутот на автономија кој во 2006 година беше потврден од парламентот дава политичка и финансиска самостојност на Мадрид. Уставниот суд за овој статут решава веќе пет години по барање на опозицијата која се зазема за поголема централизација на државата.