Јункер: ЕК ќе прекине со контрола над Бугарија до 2019 година

Од:

Механизмот за соработка и контрола, кој и е наложен на Бугарија во 2007 година од страна на Европската комисија, ќе биде прекинат до 2019 година, изјави денеска претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер на заедничката прес-конференција со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

– За време на предизборната кампања ветив дека механизмот за соработка и контрола ќе биде преразгледан во мандатот на оваа комисија. Условите се поставени за тоа да се случи етапно, истакна Јункер.

Претседателот на ЕК нагласи дека „Бугарија е дел од европското семејство и ќе добие поддршка за решавање на актуелните геополитички предизвици. Ќе бидат обновени европските фондови во знак на солидарност, со цел да се искористат на најдобар можен начин за подобрување на животот на Бугарите“.

Според него, прашањата од областа на енергетиката предизвикуваат општа паника меѓу европските граѓани.

– Во врска со гасоводот Јужен поток работиме заедно со Бугарија за решавање на отворените проблеми. Она што е најдобро за Бугарија, е најдобро и за Европа. Со премиерот Борисов ќе најдеме заедничко решение. Јужен поток може да биде изграден, условите се одамна познати. Топката е во полето на Русија, но ние сме подготвени, додаде Јункер.

Тој истакна и дека Бугарија е подготвена за приклучување во Шенген зоната, очекувајќи тоа да се случи многу брзо.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална