Триесет и шестгодишниот Ное Ињигес од САД, заврши во затвор откако на „Фејсбук“ објавил фотографија од својата поранешна девојка на која таа е гола и напиша навредлив текст, со што го прекршил калифорнискиот закон за забрана и неовластено ширење на порнографски фотографии.
Според наводите тој е осуден на една година затвор, 36 месеци условна казна и ќе мора да посетува советувалиште за спречување на семејно насилство. Ињигес е прво лице кое што е осудено според закон, кој во Калифорнија беше усвоен во октомври.
Како што пренесуваат медиумите, поранешната девојка успеала од судот да издејствува и забрана со која Ињигес не смее да биде во нејзина близина, бидејќи по прекин на четиригодишната врска, добила заканувачки пораки.
Инаку уште 13 американски сојузни држави пред две години усвоија закон со кој се предвидува казна за објавување на порно содржини, без согласност на лицето кое е прикажано на нив.
Е. Г.