Филхармонија на кирилица

Од:

Најновото симфониско дело на Александар Пејовски „Делфинови солзи во ветрот – големиот бран“ вечер во МОБ ќе биде премиерно изведено на концертот „Филхармонија на кирилица“ на Македонската филхармонија.

Филхармонијата ќе изведе уште едно македонско дело – „Психофонија 1“ од Ристо Аврмовски.

Под диригентство на маестро Борјан Цанев, како солисти ќе се претстават четворица истакнати македонски уметници од различни генерации – Божидар Пејиќ на виолончело, Михајло Куфојанакис на виолина, Нинослав Димов на саксофон и Марија Ѓоешевска на пијано кои ќе изведат дела од Чајковски, Мијо и Шуман.

„Филхармонија на кирилица“ е увертира за јубилејот 70 години Македонска филхармонија што ќе се одбележи на 18 декември годинава.

Циклусот „Крилица“ ќе продолжи и во претстојната 2015 година со цел афирмација на македонското музичко творештво.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска