Ердоган ги обвини Нобеловиот комитет и СБ на ОН за пристрасност

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини за пристрасност Нобеловиот комитет, а исто така и Советот за безбедност на ОН, кои, според него, се целосно христијански држави, соопшти турскиот весник на англиски јазик „Тудејс заман“.

Ердоган за ова зборуваше во претседателската плата во Анкара на церемонијата на доделување на Големите претседателски награди за култура и уметност.

Тој ги пофали турските уметници и ги отфрли критиките дека тие не можат да процветаат во оваа земја.

– Тоа е неприфатливо. Тие процветуваат и тоа го постигнуваат и покрај пречките пред нив. Кога ќе ги разгледате одлуките на меѓународните организации, не очекувајте тие да дејствуваат објективно. Дали Нобеловиот комитет своите одлуки ги донесува објективно? Никогаш. Тоа го гледавме и уште го гледаме. Дали Советот за безбедност на ОН своите одлуки ги донесува објективно. Никогаш, рече Ердоган.

Во 2006 година турскиот писател Орхан Памук стана првиот и досега единствен турски државјанин на кого му беше доделна престижната Нобелова награда. Политичките позиции на Памук, меѓутоа, предизвикаа критики меѓу конзервативните кругови во Турција за тоа дека одлуката за неговото наградување е политичка, а не признание за неговите литературни постигнувања, посочува „Тудејс заман“.

Памук беше цел на критики, па дури беше и под истрага во Турција заради своите ставови, со кои го осуди ерменскиот геноцид за време на Првата светска војна и убивањето на Курдите во текот на 80-те години на минатиот век.

Ова не е првпат Ердоган да го критукува Советот за безбедност на ОН. Овој пат тој истакна дека и петте постојани членки на Советот се христијански.

„Тудејс заман“ напоменува дека една од постојаните членки е Кина, каде христијанството има слабо присуство.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ