Крадци во едно германско гратче при грабеж на банкомат употребиле премногу експлозив и наместо да го отворат само банкоматот, ја разурнале целата банка.
Експлозијата била толку силна што остатоци летале и преку 80 метра од местото на експлозијата.
Грабежот се случил во местото Нотулн на североистокот на Германија. Во експлозијата, освен банката, оштетени се две згради спроти банката.
Полицијата претпоставува дека станува збор за лоша пресметка на разбојниците за тоа колку експлозив им е потребно за отворање на банкоматот.
Сепак крадците не останале со празни раце. Успеале да земат нешто пари, а локалната полиција ја утврдува сумата што недостасува.