Понта го загуби и вториот сојузник во Парламентот по поразот на претседателските избори

Од:

Романскиот премиер Виктор Понта денеска загуби уште еден сојузник, откако малата популистичка партија на медиумскиот магнат Дан Даконеску ја повлече својата парламентарна поддршка за Владата.

Пред неколку дена партијата на етничките Унгарци, исто така, ја напушти
романската владеачка коалиција, соопштија британските медиуми.

Понта минатиот месец претрпе пораз на претседателските избори од етничкиот Германец, Клаус Јоханис. Оттогаш растат сомнежитње за стабилноста на неговата Влада, што може да ги отежне напорите за стимулирање на економскиот раст и примената на реформите, договорени во рамки на кредитниот договор со Меѓународниот монетарен фонд.

Претставници на Фондот од денеска се наоѓаат во посета на Букурешт на разговори за буџетот за следната година, посочуваат британските медиуми.

Повлекувањето на парламентарната поддршка на Партија на народот – Дан Даконеску го намали мнозинството на Понта на 58 проценти од 65 отсто колку што имаше пред изборите.

Партијата на скандалозниот бизнисмен Дан Даконеску ја напушти владеачката колаицијата со изговорот дека била игнорирана од премиерот.

Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија ја напушти владеачката коалиција на 27 ноември, посочувајќи дека „ ја разбрала
пораката на избирачите на претседателските избори“.

Пред две години Понта стана најмладиот премиер во Европа, а земјата за време на неговото управување постепено излезе од болната рецесија . Минатиот месец, меѓутоа, тој претрпе шокирачки пораз од Јоханис, кого во првиот круг го победи со голема разлика.

Понта по поразот на изборите соопшти дека нема да поднесе оставка на функцијата и додаде дека неговата коалиција е стабилна. Но, по изборите во интервју за Ројтерс, новоизбраниот претседател Клаус Јоханис јасно кажа дека е можно во 2015 година да има смена на власта во Романија. Јоханис дури и најави дека во следните недели и месеци парламентарците ќе почнат да ја напуштаат коалицијата на Понта.

Редовните парламентарни избори треба да се оддржат во 2016 година.

Партијата на народот – Дан Даконеску (ПН-ДД) официјално не беше дел од владеачката коалиција, но имаше потпишано спогодба за поддршка на Понта во Парламентот.

-Денеска ние одлучивме да се откажеме од протоколот за соработка, потпишан со Владата на Социјалдемократската партија (СДП), изјави
заменик претседателката на ПН-ДД Лилијана Чобану.

„Владата и премиерот едноставно не игнорираат, тие не зборуваат со нас“, дополни таа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се затресе силно и во Молдавија, снимена реакцијата на претседателката Санду

Предраг Петровиќ

Пет лица загинаа во невреме во Романија

Руски беспилотни летала го нарушија воздушниот простор на НАТО

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Романија, се стресе и во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невреме во Романија: Улици под вода, порој однесе возила