Порошенко предложи министрите за одбрана и надворешни работи да останат и во новата влада

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска изјави дека го номинирал Павло Климкин да остане министер за надворешни работи, а Степан Полторак министер за одбрана на новата Влада.

Двајцата во моментот изрвшуваат министерски функции.

Парламентот треба да се состане подоцна денеска со цел да гласа за предложените кандидати за министерски функции. Премиерот Арсениј Јацењук минатата недела изјави дека ќе ги поддржи избраниците на Порошенко за двете министерства.

Порошенко денеска дал украинско државјанство на тројца странски технократи, предложени за министерски функции во новата Влада.

– Пред Украина се вонредни предизвици, исклучително тешка економска ситуација, руска агресија, неопходност од радикални реформи и борба со корупцијата. Се тоа наметнува иновативни решенија во Владата, изјави Порошенко, додавајќи дека тоа значи барање кандидати за новата влада не само во Украина, туку и во странство, изјави Порошенко.

Тројцата кандидати се Американката Наталија Јареско, Литванецот Ајварас Абромавичус и Грузиецот Александар Квиташвили.

Премиерот Јацењук достави до парламентот список на кандидати, номинирани од владејачката коалиција. Според него Јареско е номинирана за министер за финансии, Абромавичус за министер за економија, а Квиташвили за министер за здравје.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион