Обвинителството поднесе жалба на судската одлука за Хосни Мубарак

Од:

Египетското државно обвинителство денеска поднесе жалба на одлуката на судот за отфрлање на обвинението за убиство против поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак.

Мубарак се товари за убиство на демонстранти за време на протестите во 2011 година, со кои тој е соборен од власт.

– Разгледувањето на причините за таква пресуда укажа на присуство на законски пропусти кои влијаеле врз донесување на пресудата, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Било очекувано Обвинителството да поднесе жалба на пресудата на Мубарак, бидејќи тоа е вообичаена постапка во египетското правосудство. Доколку се повтори судскиот процес против Мубарак, тој, согласно египетскиот закон, ќе биде трет и последен.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро