Нова хакерска група нападнала над 100 американски компании од средината на 2013 година

Од:

Американската компанија за информатичка безбедност ФајрАј (FireEye) објави дека идентификувале нова група на хакери, кои повеќе од една година упаѓале во електронската пошта на шефови на над 100 компании, веројатно за да манипулираат берзански операции.

Групата е наречена ФИН4. Тие напаѓале е-маил пораки на лицата за кои се претпоставувало дека учествуиваат во фузирање и придобивање компании или кај кои имало доверливи инфдормации.

Нивна цел била електронската пошта на раководни кадри, адвокати, надворешни консултанти и иследници.

Околу две третини од компаниите, кои биле цел на напади од средината на 2013 година, се од областа на здравството и фармацијата.

ФајрАј не прецизира од каде дејствувале хакерите, но укажува дека групата има помодерни методи за кибернапади во споредба со групи од Кина и Русија.

Истовремено, ФБИ ги предупреди американските компании дека хакери употребиле софтвер за да почнат напади во САД. Минатата недела беше нападната компанијата Сони пикчерс ентертејмент.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија