Претставници на украинската армија и самопрогласената Луганска народна република се договорија за целосен прекин на огнот на линијата на контакт од 5 декември и повлекување на тешкото вооружување од 6 декември, соопштија претставници на Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ во редовниот дневен извештај.
Преговорите од украинска страна ги предводеше генерал полковник Аскаров, а освен претставници на Луганска народна република, на нив учествуваше и рускиот претставник во Југоисточна Украина, генерал полковник Ленцов.
Претставници на Луганска народна република истакнаа дека под нивна контрола се и сите козачки единици и оти и тие ќе се придржуваат кон договорот.