Русија планира да почне да гради нуклеарна централа во Турција во март 2015 година, соопшти денеска директорот на „Росатом“, Сергеј Кириенко, кој е во делегацијата на рускиот претседател Владимир Путин при посетата на Анкара.
Кириенко посочи дека изградбата на нуклеарната централа ќе почне откако ќе биде изработен проект за животната средина.
Предвидено „Аккују“, да биде прва турска нуклеарна централа. Турција планира изградба на уште три нуклеарни централи, а сите нуклеарни централи да имаат различен стратешки инвеститор.
Кириенко наведе дека руската државна нуклеарна корпорација има договори за изградба на 27 нуклеарни енергоблокови во вредност од 100 милијарди долари.