Путин: Бугарија да побара отштета од ЕУ за изгубената добивка од проектот Јужен поток

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска и предложи на Бугарија да побара отштета од Европската унија за изгубената добивка од проектот Јужен поток, пренесе ТАСС.

Позицијата на ЕУ за Јужен поток за Путин е „неконструктивна“ и затоа енергетските ресурси ќе бидат пренасочени кон други региони и кон проекти со течен гас.

– Бидејќи досега не добивме одобрение од Бугарија ние сметаме дека под овие услови Русија не може да продолжи со реализацијата на овој проект. Сега треба да почне изградбата на цевководот во Црно Море. Ние не можеме да почнеме изградба во морето се додека не добиеме одобрение од Бугарија, рече Путин на прес-конференцијата во Анкара по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална