Русија и Турција потпишаа во Анкара осум документи за економска соработка

Од:

Русија и Турција потпишаа денеска во Анкара осум заеднички документи за соработка во различни области на економијата во рамки на државната посета на рускиот претседател Владимир Путин, јави ТАСС.

Руската компанија „Газпром“ и турската „Боташ“ потпишаа меморандум за заемно разбирање, а министрите за енергетика на двете земји потпишаа протокол од 13-то заседание на меѓувладината руско-турска комисија за трговско-економска соработка.

Турскиот министер за енергетика Танер Јилдаз изјави дека „Газпром“ може да почне дополнителни испораки на гас за Турција преку гасоводот „Син поток“ во почетокот на 2016. Тој истакна дека Турција се надева да добива дополнителна размена на гас преку „Син поток“ по пониска цена.

Турција бара испораките на руски гас преку „Син поток“ да се зголемат за три милијарди кубни метри, јави ТАСС.

Рускиот министер за енергетика Александар Новак рече дека засега Русија и Турција ги проучуваат економските и техничките услови за зголемување на испораките на гас преку „Син поток“ за три милијарди кубни метри.

Во Анкара денеска беше потпишана и заедничка изјава на министерот за економски развој на Русија и министер за економија на Турција за развој на трговско-економската и инвестициската соработка меѓу Русија и Турција.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ