Австрискиот министер за социјални прашања Рудолф Хундсторфер истакна дека џихадистите не можат да примаат социјална помош во Австрија.
Тој, по повод дебатата во јавноста, појасни и дека актуелниот закон јасно регулира дека кој ги крши правилата, не може да добива социјална помош.
Хундсторфер, во соопштението, истакна дека екстремистите не добиваат државна помош, ниту примања за невработени и друг вид помош од државата.
Според него, целата помош, која неправедно се добива, ќе биде укината и мора да биде вратена.
– Дури и кога едно лице се наоѓа во странство, а тоа не го пријавило во надлежната установа која исплаќа помош, таа исплата се укинува, појасни министерот.