Во Багдад загинаа девет војници и полицајци

Од:

Во неколку одвоени напади на бунтовниците во централниот дел на Ирак денеска загинаа девет полицајци и војници, а беа повредени 19, истакнуваат ирачки безбедносни функционери.

Вооружени лица нападнаа полициски пункт во источниот и југо-западниот дел на Багдад, при што загинаа двајца полицајци, војнк, а повредија уште шестмина војници.

Во западниот дел на Багдад, бригадниот генерал и неговиот возач биле убиени во престрелка, додека западно од ирачкиот главен град експлодира автомобил-бомба паркиран веднаш до полициска патрола во Фалуџа, при што загинаа двајца полицајци, а повредени се седуммина.

Уште две лица загинаа во близина на полициската станица во градот Тармијах северно од Багдад, кога експлодирал паркиран автомобил, пренесува Асошиетед прес.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак