Земјотрес со интензитет од 5 степени по Рихтер е регистриран денеска во близина на главниот јапонски остров Хоншу, јави ТАСС.
Засега нема информации за жртви и предизвикана материјална штета.
Според јапонскиот националеан метеоролошки центар нема опасност од цунами.
Епицентарот на потресот бил во Тихиот Океан, јужно од брегот на островот, на длабочина од десет километри под морското дно.