Издавачката куќа Феникс најавува Новогодишен саем на книги и други изданија наменети за возрасните, но и за најмладите.
На саемот што ќе трае од 1 декември до Нова година, ќе бидат понудени над 3.000 наслови со попуст од 30 до 80 отсто, додека просечните цени ќе се движат од 50-100 денари.
Феникс деновиве, во непосредба близина на Универзалната сала во Скопје, отвори Креативен центар со бројни креативни изданија и производи за деца и млади.