Спасов: Манипулации се тврдењата за наводно неисплаќање посмртнина

Од:

Како невистина, тешка манипулација и груб обид да се фрли темна дамка на проектот за бесплатна бањско-климатска рекреација, ги оквалификува министерот за труд и социјална политика Диме Спасов информациите дека не им се исплаќа посмртнина или им се исплаќа намалена на оние пензионери кои биле на бања во рамки на овој проект.

– Не е точно дека заради користење бесплатна бањска-климатска рекреација им се одземаат средства на оние пензионери кои ја користеле оваа услуга. Станува збор за обид да се фрли темна дамка на еден позитивен проект што го реализира Владата во изминатите години, рече Спасов.

Појасни дека Фондот за пензиско инвалидско осигурување доделува финансиска помош од 30.000 денари на блиското семејство на починатиот. Возможно е, рече Спасов, да им се исплатат помалку средства само доколку кон пензионерот има извршна исправа за наплата на одреден долг, а во никој случај за користење на оваа услуга.

Досега над 27.000 пензионери ја искористиле оваа бесплатна услуга. МТСП годишно за неа издвојува околу 35 милиони денари.

– Годинава, како и изминатите, услугата ја користат околу 5.500 пензионери. Проектот ќе продолжи да се реализира и наредната година. На почетокот на 2015 ќе биде распишан и нов оглас, информира министерот за труд и социјална политика.

Овој проект, додаде, е целосно бесплатен за корисниците на пензија. Тие не сносат никаков трошок. Сите трошоци ги покрива МТСП.

– Интересот е голем. Годишно аплицираат околу 20.000 пензионери за користење на оваа услуга. И токму поради големиот интерес ќе продолжиме овој проект да го реализираме, потенцира Спасов.

На ваков начин, според него, се реализираат повеќе цели. Како што рече, од една страна се поддржуваат највозрасните граѓани, а од друга страна со финансиските средства кои се издвојуваат се развиваат бањските капацитети во кои сега условите се многу подобри од порано. 

Би можело да ве интересира

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

СДСМ: Mицкоски ги излажа пензионерите, нема зголемување на пензиите за 5.000 денари како што ветуваше

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ

Пензионерите бараат нов Закон за пензиите со кој минималната пензија ќе изнесува 70 отсто од минималната плата