Во Бугарија преработено двојно помалку грозје од лани

Од:

Оваа година во Бугарија се преработени 109.000 тони грозје, што е двојно помалку од лани, изјави денеска во Пловдив бугарската министерка за земјоделство и храна, Десислава Танева.

Според Танева, како што јави БТА, бугарските винопроизводители се соочиле со „најтешката земјоделска година од аспект на агрометеоролошките услови“.

– Ги поздравувам оние кои имаа приноси со големи трошоци и огромни напори. Се надевам дека винопроизводителите ќе добијат добра цена, додаде Танева.

Таа нагласи дека за Националната програма за помош на лозаро-винарскиот сектор во Бугарија е обезбеден буџет во износ до над 133 милион евра, додавајќи дека во моментов е предвидена поддршка за шест проекти.

– Постои огромен интерес за Програмата и верувам дека пакетот мерки ќе придонесат за зголемување на конкурентската способност на бугарскоот вино на пазарот, нагласи Танева.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална