Превентивни прегледи за намалување на ризик од срцеви, бубрежни заболувања и дијабетес

Од:

Ризик за појава на срцеви заболувања имаат 55.000 лица, 45.000 лица имаат ризик за добивање дијабетес, а 12.000 за бубрежни заболувања. Ова се податоците утврдени од матичните лекари во рамки на нивните спроведени превентивните мерки и активности. Оваа договорена активност со Фондот за здравствено осигурување како проект на Владата за навремено откривање на тие заболувања, матичните лекари во првите шест месеци од годинава ја спроведоа кај 325.000 лица. Оваа активност за превентивен скрининг треба да се заокружи на крајот на 2015 година.

Ова денеска на прес-конференција на која ги презентираше податоците го истакна директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова, која рече дека со рано откривање на овие болести здравствените работници и Фондот спречиле ампутации кај дијабетично стапало, слепило предизвикано од дијабетес, спречување на мозочни и срцеви удари, компликации од мозочни и срцеви удари како што се губење на од и говор, одземеност на екстремитети, генерална инвалидност, се одложува дијализа кај бубрежно болните и се спречува предвремена смрт.

– За сите овие пациенти каде се навремено откриени овие болести, главната терапија се сведува на неколку основни постулати, а тоа се: здрава исхрана, редовна физичка активност, здрави навики и почитување на препораките на докторите. Овој проект покрај навременото откривање на овие три заболувања има за цел да се спроведе и здравствена статистика кај осигурениците од 14-65 годишна возраст. Податоците кои прв пат се објавуваат се поразителни посебно кај младата популација, нагласи Парнарџиева-Змејкова.

Истакна дека дури 27,1 процент од младите (30.000) на возраст од 14-24 години се пушачи (во светски рамки статистичките податоци се 22 проценти и секоја година се намалува), а 0,1 проценти (112 лица) се корисници на опојни дроги.

– Доколку овие навики не се прекинат, понатаму во животот ќе предизвикаат сериозно нарушување на здравјето и овие млади лица, ќе се најдат во црната статистика на хронични пациенти. Матичните лекари од 325.000 лица во првите 6 месеци евидентираа хронични пациенти: 30,8 проценти (100.000) лица со кардиоваскуларни заболувања, 4,7 проценти (15.000) со нефролошки заболувања и 21 процент (68.000) со дијабетес, потенцира Парнарџиева-Змејкова.

Фондот преку матичните лекари, во соработка со здруженијата на лекари и пациенти, појасни таа, изработи посебни брошури – потсетници, наменети за овие хронични пациенти и на секој пациент при посетата покрај веќе постоечката терапија му се издава и овој потсетник каде се наведени периодичните прегледи кои пациентот мора да ги изврши со цел стопирање на прогресијата на болеста.

– Фондот апелира до сите граѓани да се појават на закажаниот преглед кај матичниот лекар за спроведување на превенцијата, а во зависност од ризикот кој ќе се одреди, да ги следи напатствијата и ако треба да се извршат специјалистички прегледи да не одбиваат. Иако осигуреникот се чувствува релативно добро, подобро е тоа да биде потврдено од стручни лица, а не да остане само на лично мнение, посочи Парнарџиева-Змејкова.

Појасни дека овој мега проект нема за цел статистичко евидентирање, туку грижа, едукација на пациентите и навремено откривање на скриените заболувања.

Лошата статистика, укажа таа, нека има за цел да не поттикне сите нас да го извршиме овој превентивен преглед и во наредните 10 години да бидеме сигурни дека нема да бидеме црна бројка.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски