ВИДЕО+ФОТО: Како денеска изгледа Чернобил?

Од:

Уништена панорама, отровни шуми и боја која се лупи од ѕидовите на зградите се само дел од призорите, кои можат да се видат во градот Припјат, кој што беше уништан во нуклеарната катастрофа пред 30 години.

Припјат се наоѓа во Украина, на само неколку километри од познатата нуклеарна централа Чернобил, а некогаш броел 50.000 жители.

По катастрофата од 1986 година ова место потполно е напуштено.

Cernobil-Pripjat-nuklearna-katastrofa2

Дени Кок е еден од бројните истражувачи кои влегуваат во опасни авантури со цел да ги откријат тајните на Чернобил и Припјат.

Тој својот докментарец од тоа подрачје го снимил благодарение на дрон и камера која ја приклучил на леталото.

-Чернобил е едно од најинтересните и најопасни места на кои сум бил. Нуклеарната катастрофа која се случи влијаеше на голем број луѓе, не можам да замислам колку ова било застрашувачко за сите кои се евакуирани од оваа област- вели тој.

Cernobil-Pripjat-nuklearna-katastrofa

Инаку се уште не постојат податоци за точниот број на луѓето кои настрадале од последицата на оваа експлозија која ослободила 400 пати поголема радијација од нуклеарната бомба која Америка ја фрли на Хирошима.

Евакуирани се повеќе од 350.000 лица, а се проценува дека оваа зона нема да биде безбедна за живот во наредните 20.000 години.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион