Ана Ивановиќ го заврши натпреварувањето на турнирот во Токио веќе во второто коло, откако беше поразена од полската тенисерка Урсула Радвањска.
Ивановиќ беше поразена со 3:6, 6:4, 6:2, по еден час и 58 минути игра.
Во следното коло Радвањска ја очекува дуел со Германката Анџелика Кербер, која ја победи домашната тенисерка Ајуми Мориту со 6:3, 6:4.