Невозможно е само така да се одмине ужасниот сексизам на турскиот претседател

Од:

Изјавата од понеделникот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на средбата за прашањата за жените и правосудството во Истанбул, имено дека жените не се рамни на мажите „затоа што тоа противречи на природните закони“, беше широко одбележана во медиумите.

Разбирливо дека тоа предизвика негодување низ светот, но во Турција беше одбележано со заобиколување на веќе здодевниот цинизам. Разбирате ли дека сето ова сме го слушале и претходно, последниот пат во јули, кога вицепремиерот им препорача на жените во Турција да не се смеат во јавност. „Не се фаќајте на јадицата, дами“, напиша една новинарка на Твитер. Друг блискоисточен набљудувач ја нарече приказната „губење на информацискиот простор“.

Еве зошто не е така: Ердоган ниту е осамен лудак во самица, ниту пак е чичко од викторијанско доба кој дошол со временска машина. Тој е претседател на држава со 75 милиони население, каде едвај 28 проценти од жените официјално рвботат. околу 40 проценти од жените биле подложени на домашнпо насилство најмалку еднаш во својот живот, и каде милиони девојчиња секоја година се присилени да склучат брак пред полнолетство (врпочем, претходникот на Ердоган, Абдула Ѓул, се оженил за својата сопруга кога таа имала 15 години). Точни податоци за домашно насилство и силувања е тешко да се најдат, затоа што е социјално неприфатливо жените да се жалат на своите сопрузи, а полицијата често им кажува на жените и девојчињата, чии партнери им се заканиле со убиство, да се приберат дома и да разговараат со нив за тоа.

За време на говорот неделава, Ердоган напомна дека посебно широко распостранетото насилство е дело на неурамнотежени луѓе: „Како може некој верник – не зборувам за изопачени луќе – како би можеле некои кој ја разбира нашата религија да изврши престап против жена? Како би можел да ја убие?“

Навистина, како? Според Ердоган, исламот е најдобриот пријател на секое девојче. „Нашата религија на жената и ја дало задачата за мајчинство… феминистиките не можат да го разберат тоа“. Додавајќи масло на својата теза, Ердоган опиша како вернциите, меѓу кои и тој самиот, како „ги бакнуваат нозете на своите мајки“ затоа што тие „мирисаат на рај“. Ова чудно фетишизирање на мајките е исто толку присутно и во реалниот живот, колку и неговиот став со кој тој објаснува зошто жените не можат да работат како мажите. „Нивната деликатна структура не е создадена за тоа“.

Ете го лошото ѓаволче во неговиот говор: Ердоган ја даде таа изјава додека разговарале за тоа како жените во селските реони на Анадолија вршат голем дел од работата, додека нивните мажи „играат карти во локалното кафеанче“. Тој веднаш ги придобил симпатите на слушателите – точно е, ова се случува и не е правилно. Тоа не значи дека жените не се рамни на мажите и дека не можат да работтат исто како и мажите, но подржувачите на Ердоган ќе ги искористат од работа истоштените селски жени како доказ за неговото длабоко разбирање за проблемите на женскиот род.

Кога помалку од секоја трета жена во Турција официјално работи, мноу други без да бидат регистрирани работат во земјоделието или во фабрики, а многу семејства не би можеле да преживеат без тој втор приход. Всушност, според Ердоган, жените треба да се придржуваат кон тоа да бидат мајки. Во 2008 година, тој ги посоветува жените да имаат „најмалку“ три деца, најдобро е пет, во име на економијата; во 2012 тој се обиде да ги забрани абортусите.

Веројатно тој не е свесен дека колку повеќе деца има една двојка, толку поскап станува животот, особео во се поурбанизираната Турција. Се повеќе мајчинството не се донесува толку до тоа да ги бакнуваш било кому нозете кои мирисаат на рај, туку за тешкотиите на едно сиромашно домаќинство.

Што му требаше на Ердоган да ја даде таа изјава? Познавачите во Турција често пати ги карактеризираат неговите зборови како смислено поларизирачки со цел да ги мобилзиираат неговите тесногради, конзервативни поддржувачи. Мислам дека дури тие и да успеат, тој практично го има предвид тоа што го кажува, дури и по 11 години на власт тој станува – и разбирливо зошто – се посамоуверен во раширувањето на тесноградието меѓу луѓето, кои секој пат гласаат за него.

Има ли некаква разлика дали Ердоган верува во тоа што го кажува или не, штом ефектот е да ја поршири поделеноста меѓу вернците и неверниците, меѓу мажите и жените, меѓу мајките и немајките? Кога се потпира на конзервативните инстинкти во земја која се мачи со вкоренетите партијахалност и неднаквост, и ги уверува своите слушатели дека „еднаквоста е праведа“ е токму она тоа кое е најважно, а не суштинската еднаквост – како тоа ќе им помогне на турските жени, мажи и деца?

И како на ова просто само да се смееме?

Гардијан – Лондон

 

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ