Руски протест поради мистериозните билборди во Црна Гора

Од:

Амбасадата на Русија во Подгорица упати до Министерството за надворешни работи и европски интеграции нота поради билбордите со пораката „подобро банана в рака, отколку руска чизма на вратот“, кои неодамна се појавија во Подгорица, а Министерството одговори дека пораките ги смета за „апсолутно неприфатливи“.

На подгоричките булевари неодамна осамнаа рекламни паноа со овие пораки, со официјалното лого на НАТО, со наведени пропаднати руски инвестиции во Црна Гора и цитати на Милован Џилас дека Русија никогаш не била пријател на Црна Гора.

– Министерството за надворешни работи и европски интеграци на 19 ноември доби нота од Амбасадата на Русија во врска со плакатите, на кои се наоѓаат содржини од антируски карактер и барање за дополнителни информации, изјавија претставници на Министерството за црногорскиот весник „Вијести“.

Претставниците на Министерството изјавиле дека преку вообичаена дипломатска комуникација испратиле нота до руската Амбасада и нагласиле дека пораките со вакви содржини ги сметаат за апсолутни неприфатливи.

Тие нагласиле дека таквите пораки на ниту еден начин не се одраз на вредностите и приоритетите на црногорската надворешна и внатрешна политика.

– Русија ја сметаме за пријателска и партнерска држава, со која сакаме да ги продолжиме традиционално добрите и квалитени односи, додадоа тие.

Инаку за поставувањето на билбордите во центарот на Подгорица и на Булеварот „Свети Петар Цетињски“, се уште никој не ја презел одговорноста.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски