Три метри високо божикно дрво направено од отфрлени пластични шишиња и осветлено со помош на генератор прицврстено за велосипед наскоро ќе биде поставено на една од улицитe во центарот на Москва.
Членовите на една група руски активисти за заштита на околината, сакаат да покажат дека главниот град Москва може да се осветлува а притоа да не се прави голема штета на животната средина.
– За разлика од други европски градови, Москва не користи алтернативни извори на енергија. Сакавме да покажеме дека може да се осветли главниот град без многу штета за животната средина, рече еден од активистите кој стои позади проектот.
– Еден велосипед со генератор на електрична енергија е доволно да осветли три метри високо дрво, додаде тој.
По празниците, дрвото, односно пластичните шишиња ќе одат на рециклирање.