Игор Гиркин: Нема да се наведнувам пред Кремљ

Од:

Во интервју за ултранационалистичкиот руски неделник „Завтра“, Игор Гиркин (43), познат како Игор Стрелков, кој беше воен заповедник на самонаречената Народна република Доњецк, детално опишува како помогнал во кревање на бунтот.

Овој пензиониран официр на руските специјални сили, кој истакна дека се бори за висока руска цел и дека нема причина да се наведнува пред Кремљ, руските тврдокорни националисти веќе го гледаат како алтернатива за претседателот Владимир Путин.

– Јас сум тој кој прв го повлече обрачот. Доколку нашата линија не ја поминеше границата, се ќе се завршеше како во Харков и Одеса. Десетици од нив ќе беа убиени, спалени и приведени – рече Гиркин и нагласи дека крајна цел на Путин не е обнова на Советскиот Сојуз, туку сопствен политички опстанок.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски