Хан: Потребни се инвестиции, а не дотации за економска помош на Украина

Од:

Меѓународната економска помош за Украина, особено таа од ЕУ, треба да биде во форма на инвестиции, а не дотации, изјави еврокомесарот за добрососедство и преговори за проширување Јоханес Хан на средба со украинските лидери во Киев, јави ТАСС.

На средбата учествуваа украинскиот претседател Петро Порошенко, премиерот Арсениј Јацењук и новиот претседател на Врховната рада Володимир Гросман, соопшти прес службата на Парламентот.

Хан истакна дека спроведувањето на реформите е важно за Украина. Според него Украина треба да работи за создавање на поволна инвестициска клима.

Еврокомесарот нагласи дека економските санкции против Русија не секогаш се поволни за европската економија, но Европа е свесна дека со безбедноста на Украина се гарантира безбедноста на целиот европски континент и затоа ја поддржува политиката на санкции.

Според Гросман создавањето на проевропско коалициско мнозинство во Парлаемнтот ќе овозможи исполнување на планираниет реформи, да се подготват измени во Уставот и да се остварат иницијативите на претседателот и премиерот на Украина.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион