Опаѓа бројот на пчелни семејства во Бугарија

Од:

Во последниве три години бројот на пчелни семејства во Бугарија се намали за 100.000 и според последните податоци сега во земјата има нешто над 380.000, изјави денеска претседателот на Сојузот на бугарските пчелари, Михаил Михајлов.

Тој нагласи дека за споредба, Србија која има приближно ист број жители како и Бугарија, има 660.000 илјади пчелни семејства.

Како што јави БТА, според податоците на Сојузот, само во реонот на Плевен оваа година угинале околу 80 проценти од пчелните семејства.

– Причини за појавата на „синдромот на празни (пчелни) кошници“ се вирусните заболување и труењата, нагласи Михајлов, додавајќи дека како последица на дождливото време оваа година производството на багремов мед во Бугарија е минимално.

Пчеларите наведуваат дека е недозволиво третирање со пестициди во време кога пчелите се пуштни на полињата, бидејќи освен ним, тоа и штети и на животната средина. Бугарските пчелари бараат и отшета од државата за загубите на пчелните семејства предизвикани од појавата на вирусни заболувања.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална