Кумановските стечајци ќе протестираат во четврток пред Собранието на Република Македонија, ќе побараат Владата да го реши нивниот статус.
Претседателката на УНИТ Лилјана Ѓоргиевска ги повика стечајците да излезат како здружение.
„Не гледајте политичари, тие живеат дебело, а ние немаме денар во џеб. Треба еден протест и пред МТВ да се направи, ама се тоа ќе видиме. Одиме до ЕВН во 18 часот. Видовте лозарите, тутунарите, побараа и добија плус 2 денари. Нас никој не не спомна. Не може некој да не игнорира. Ако немаме пари, да покажеме дека имаме памет“, рече Ѓоргиевска.