Пожарникарите од Мелбурн во Австралија, спасиле жена од дупка во земјата длабока три метри, во која паднала додека ги закачувала алиштата да се сушат.
Жената се нашла во вода откако земјата под неа се урна во дворот. Таа успеа да го привлече вниманието на комшиите кои повикале поржарникари.
Медицинската сестра, Стефани Паламбери, рече за Еј-Би-Си дека единството главата на жената и била над водата.
– Ни рече дека ги ставала алиштата за сушење околу 11:30 часот кога и се изгубило тлото под нозете. Паднала во кал и вода во дупка од три метри, рече Паламбери.
Пожарникарите ја извлекоа жената од дупката, широка 60 сантиметри, а таа за среќа била без повреди.
Инженерите ја истражуваат причината за уривањето на тлото.