Во Гевгелија поетска вечер посветена на Никола Маџиров

Од:

Во Гевгелија вечер ќе се одржи поетска средба со македонскиот поет Никола Маџиров.

Поетската средба под наслов „Поетски патувања со Никола Маџиров“ ја организира Градската библиотека „Гоце Делчев“ од каде посочуваат дека љубителите на поезијата ќе имаат можност да уживаат во стиховите на овој македонски автор, поет, есеист и преведувач.

Една од неговите најпознати песни „Кога некој заминува“ била дел од германската поставка на операта „Орфеј и Евридика“ која премиерно е изведена во септември годинава во Минхен.

Никола Маџиров е добитник на наградите „Студентски збор“, „Ацо Караманов“ „Браќа Миладиновци“ и на европската награда за млад поет „Хуберт Бурда“ која се доделува на автори родени во централна и источна Европа. Неговата поезија е преведена на повеќе јазици и објавувана во неколку избори и антологии на македонската поезија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска