Среда – 3. декември е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија заради спроведување на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.
Министерството го прогласи 3 декември за неработен ден по донесената Одлука на Владата на Република Македонија, заради спроведување на оваа акција.