Посетата на папата на Турција под зајакнати мерки за безбедност

Од:

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциско под зајакнати мерки за безбедност се очекува да ја посети Турција од утре до 30 ноември и да се сретне со претставници на турските власти и верските лидери во земјата, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.

Во неделното обраќање на плоштадот „Свети Петар“ вчера папата побара од верниците да се молат за неговата посета на Турција, за која рече дека е „посета со која се лансираат плодовите на мирот, искрениот дијалог меѓу религите и хармонијата во турската нација“.

Анкара ќе биде првото место што ќе го посети папата и во главниот град на Турција за таа цел се воведени строги мерки за безбедност.

Околу илјада полицајци се очекува да бидат распоредени по улиците, за време на еднодневната посета на Анкара. За обезбедувањето ќе се грижат 2.700 полицајци, а десетици возила за зачувување на редот ќе бидат распоредени во неколку делови од градот.

Судот во Анкара издаде наредба за проверка на патиштата, по кои ќе се движи папата, со цел да и се овозможи на полицијата слободно да извршува проверки и контролни процедури во период од четири дена.

Папата Франциско се очекува да слета во Акара во 13 часот по локално време на 28 ноември, а од Истанбул ќе си замине на 30 ноември во 16:45 по локално време.

За време на тридневната посета духовниот лидер на една милијада католици во светот ќе се сретне со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и главниот духовен лидер на муслиманите во Турција, Мехмет Ѓормез.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ