Шпанската министерка за здравство Ана Мато поднесе оставка откако беше спомената дека и таа профитирала од големиот корупциски скандал, во кој е вмешан нејзиниот поранешен сопруг.
Судијата кој ја поврза министерката Мато за случајот, верува дека таа преку поранешниот сопруг Хесус Саправеда, остварила финансиска добивка од скандалот во кој е вмешана и владеачката Народна партија,на премиерот Мариано Рахој.
Шпанскиот суд,сепак,во формалното обвинение забележува дека Мато незнаела дека е извршен било каков криминал.
Таа не се споменува како формално осомничена,но медиумите во Мадрид,повикувајќи се на судски извори,пишуваат дека Мато ќе мора да присуствува во судницата,во текот на сослушувањата на сите осомничени во аферата.
Во специјално соопштение за домашната јавност, Мато вели дека таа на никаков начин не е поврзана со било каков криминал, но дека сепак се повлекува од функцијата,за да не им наштети на угледот и на позициите на владата.
Корупцискиот скандал предизвикува серизони проблеми за премиерот Рахој,кој мораше јавно да се извини на шпанската јавност,откако низа угледни членови на владеачката партија,беа уапсени од полицијата.
Судската истрага за скандалот се однесува на т.н. „Гуртел мрежа“ која претставува посебно уредена финансиска шема во која се вклучени донации за владејачката Народна партија и потплатувања од бизнисот кој трага по склучување зделки,според принципот „мило за драго“.
Со оваа истрага, која се означува како најголемата во шпанската правосудна историја,се опфатени десетици функционери на партијата, како низа угледни јавни личности.