„Култура и меморија“ е новата книга на Марта Маркоска што ќе биде промовирана денеска во Матица ексклузив.
Книгата обработува теми од современите научни истражувања во полето на Културологијата: културната меморија како феномен на селективно помнење, времето и просторот како физички, но и антропоморфни феномени, филмот како метајазик на психичките сензации преточени во визуелен код, театарот како атар на другоста и неговата амбивалентност во општеството и телото како предмет на општествени конструкции и деконструкции.
Книгта ќе ја промовираат Ангелина Бановиќ – Марковска и Иванка Апостолова.
Марта Маркоска е поет, раскажувач, есеист, истражувач. Покрај книгата „Култура и меморија“, досега ги има објавено книгите: Научната студија „Расправа за Зен будизмот (религиско-филозофски трансценденции помеѓу источната и западната мисла)“, Матица, 2013, Збирката песни „Стрмоглаво кон височините“ (награда Ацо Караманов, 2012), Збирката есеи „Хипер Хипотези“ (Институт за македонска литература, 2011), Збирката раскази „Вител во Витлеем“ (Темплум, 2010) и Збирката песни „Сите притоки се слеваат во моето корито“ (Темплум, 2009).