Скендеровски: Да го продолжиме трендот на позитивни резултати

Од:

Спроти двата контролни натпревари против Црна Гора на почетокот на декември, селекторот на македонската футсал репрезентација, Васко Скендеровски очекува да продолжи трендот на позитивни резултати што ги постигнуваат неговите избраници.

– Очекувам да продолжиме со трендот на позитивни резултати, шанса ќе добијат сите повикани 14 играчи, посебно помладите кои во целост ја оправдаа довербата на претходните натпревари. Реално, очекувам две победи, иако Црна Гора е солидна репрезентација со силни амбиции пред квалификациите за Европското првенство. За нас е важно со победа да ја зголемиме самодовербата и пред турнирот во Полска каде во периодот од 3 до 8 јануари ќе играме против домашната репрезентација, Естонија и Грција. Се надевам дека ќе прикажеме добра игра и ќе добиеме поддршка од навивачите, изјави Скендеровски.

Првиот натпревар Македонија – Црна Горасе ќе се одигра на 2 декември, а следниот ден пресметката е од затворен тип. Натпреварите ќе се играат во малата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“, Влезот за првиот натпревар е бесплатен.

Би можело да ве интересира

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

Македонските футсалци со реми го почнаа двомечот со Црна Гора

Ана Ололовска

Футсал виртуозот Рикардињо ја заврши репрезентативната кариера

А1он

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

А1он

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Ана Ололовска