Чавушоглу: Шестотини турски граѓани се приклучиле кон џихадистите, над сто од нив загинале

Од:

Шестотини турски граѓани се приклучиле кон џихадистичките групи, како што е Исламска држава, а над сто од нив загинале во судири, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, кој се повикува на разузнавачки информации.

– На околу седум илјади странци им било забрането да влезат во Турција, а 1.100 лица биле депортирани врз основа на сомневањата дека може да се приклучат кон џихадистички групи, истакна министерот како одговор на пратеничко прашање во Парламентот во врска со буџетот.

Според Чавушоглу би било неправедно да се очекува од Турција, која има граница од илјада километри со Сирија и Ирак, да се соочи со проблемот на странските борци, кои влегуваат од турска територија.

Тој побара од западните држави да споделуваат повеќе разузнавачки информации со Турција за осомничени борци, со цел турските власти да можат да го спречат нивното влегување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски