Швајцарската полиција соопшти дека уапсила 15 лица и запленила 55 килограми хероин во акција против меѓународна мрежа за шверц на наркотици од Турција за Швајцарија.
При претрес во 20 домови во градот Цуг, јужно од Цирих, исто така, се запленети пари, оружје и возила.
Конфискуваниот хероин се проценува на 10 милиони швајцарски франци, односно 10,35 милиони долари.
Полициската акција е спроведена по шестмесечна истрага за активностите на групата.