Американскиот воен командант за Европа, генерал Филип Бридлов денеска ќе биде во посета на Украина каде ќе разговара со највисоките политички и воени официјални лица од таа држава.
Посетата е закажана за да разговара генералот со украинските официјални лица за безбедносната ситуација во Источна Украина, поддршката на САД и планираните реформи во секторот на одбраната, наведува негов портпарол.
Поддршката на САД е ограничена на воена опрема, но не вклучува оружје, наведува американски воен извор.