Уапсени четворица свештеници, поради педофилија во Шпанија

Од:

Шпанскиот министер за внатрешни работи Хорхе Фернандес Дијас, изјави дека полицијата уапсила четири свештеници од Гранада поради сомнеж дека сексуално злоставувале деца.

Како што пренесе „Асошиејтед прес“ полицијата започнала да ги истражува можните случаи на педофилија, во кои се вмешани свештеници откако една наводна жртва неодамна му напишала писмо на поглаварот на Римокатоличката црква, папа Франсис. Медиумите објавија дека папата ја контактирал жртвата преку телефон, но портпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди ниту потврди, ниту негираше дека папата имал таков телефонски разговор.

Тој наведе дека политиката на Ватикан е да не ги коментира личните и пасторални иницијативи на папата.

Бискупската канцеларија на Гранада минатата недела соопшти дека суспендирала неколку свештеници, бидејќи до Ватикан било упатено обвинение.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата